Состојба со корона во светот
Foto

Состојба со корона во светот

Бројот на заболени со коронавирусот продолжува да расте низ Европа. За само 24 часа во Франција беа регистриарани нови повеќе од 50 заразени, што претставува нов негативен рекорд во државата. Во истиот период, од компликации од ковид 19 починаа 116 лица.

Во земјата на сила веќе е полициски час во одредени региони. Според француските медиуми, владата засега не планира воведување на регионален карантин иако не се исклучува и таквата опција.

И Шпанија одлучи да воведе нова вонредна состојба  во следните шест месеци. Според премиерот Педро Санчез, Државата се соочува со неконтролиран пораст на бројот на заразените.

„Живееме во екстремна ситуација која е најсериозна во последниве 50 години. Реалноста е дека Европа и Шпанија се силно погодени од вториот бран на пандемијата.“ - изјави Педро Санчез, премиер на Шпанија. 

Над 8000 новозаболени со ковид 19 и во Германија во изминатово деноноќие. Според Институтот „Роберт Кох“, како последица на вирусот починале 24 лица.

Британската влада пак пријави 20 000 заболени.

И словачката влада одлучи да воведе рестрикции. Од викендов, ограничено е движењето на национално ниво. До 1-ви ноември смее да се оди само на работа, за купување храна и лекови или за вршење други неопходни или итн работи. 

Дека пандемијата не стивнува, предупредуваат и од Светската Здравствена Организација од каде велат дека бројот на заболени непрекинато расте. Според првиот човек на органиозацијата, северната хемисфера се наоѓа во критичен момент, а се поголем број на земји пријавуваат огромен број на заразени. 

„Најдобар начин да се заштитиме е да се вакцинираат одреден број на луѓе во сите земји отколку сите жители на само неколку држави. Да бидам јасен, ако се вакцинираат само луѓето во одредени земји, пандемијата ќе се пролонгира. Ова е опасен период за државите од северната хемисфера. Повторно и повторно видовме дека преземањето на вистинските потези покажува дека пандемијата може да се контролира.“ - изјавиТедрос Адханом Гебрејесус, генерален директор на СЗО. 

Кинерските власти пак не препуштаат ништо на случајноста. Поради еден заболен, локалните влада на провинцијата Ксиџијанг почна масовно тестирање на жителите. Речиси пет милиони жители на кинескиот град Кашгар ќе бидат тестирани, а досега се откриени 138 асимптоматски случаи. Училиштата во тој град се затворени, а жителите не смеат да го напуштат без негативен тест на корона.

Австралиските власти пак соопштија дека во среда ќе биде укинат карантинот во Мелбурн откако за прв пат од јуни не е регистриран нов случај на заболени. Државата Викторија беше епицентарот на вториот бран на пандемијата, а таму беа регистрирани 90 проценти од смртните случаи.

0 Коментари

Остави коментари