СОСТОЈБА КОВИД-19: 8 ПАЦИЕНТИ ПОЧИНАА, 196 НОВОЗАБОЛЕНИ, 11 ОЗДРАВЕНИ
Foto

СОСТОЈБА КОВИД-19: 8 ПАЦИЕНТИ ПОЧИНАА, 196 НОВОЗАБОЛЕНИ, 11 ОЗДРАВЕНИ

Нов рекорден број на заразени со коронавирус во македонија....196 нови случаи на ковид-19 се регистрирани во државава во изминатово деноноќие од направени 1213 тестови...Починаа осумина а оздравени се 11 лица...Најголем број на заболени повторно има во Скопје каде се откриени 90 случаи а висока бројка има и во Тетово каде се регистрирани 45 заболени, Куманово со 17 и Охрид со 11 лица....

Од починатите, четворица се од Скопје, а по еден од Струга, Охрид, Гостивар и Ресен...На клиниката за инфективни болести починаа две лица од скопје, пациентка на возраст од 76 години, хоспитализирана пред 10 дена, пациент на возраст од 67 години, хоспитализиран пред 8 дена и жителка на Гостивар на возраст од 31 година, која била на болничко лекување од 26 мај.

 

„Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти од Скопје на возраст од 43 години-хоспитализиран на 11 јуни, пациентка на возраст од 59 години, хоспитализирана на 10 јуни и пациент од Струга на возраст од 56 години, хоспитализиран на 2 јуни. Во болницата во Битола почина пациент од Ресен на 68 години, хоспитализиран во текот на вчерашниот ден. Во болницата во Охрид почина пациент на возраст од 81 години, хоспитализиран на 10 јуни.“ - соопшти Министерството за здравство.

Во изминативе 24 часа на Инфективната клиника примени се 7 нови заболени, а вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. До утрово, во болницата „8 септември“ примени се 21 нови, а вкупно хоспитализирани 73 пациенти. На респираторна машина се 9, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти...ВО Болницата во битола се хоспитализирани 19 пациенти а во болницата во штип се хоспитализирани 21 пациент.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на пандемијата се искачи на 3895, починаа 179 лица а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2011.

0 Коментари

Остави коментари