Составувањето на новата шпанска влада неизвесно
Foto

Составувањето на новата шпанска влада неизвесно

Се продлабочува кризата во Шпанија иако неофицијалните резултати од предвремени избори покажуваат дека владеачката Социјалистичка партија освои мнозинство пратенички места. Актуелнииот премиер Педро Санчез, чија што партија освои 120 места во 350 члениот парламент,  останува единствен кандидат за лидер на Шпанската влада, но шансите за формирање на функционална коалиција се помали во споредба со претходните избори...

„Трет пат оваа година Социјалистичката партија победува на изборите. Сакамд а им се заблагодарам на сите кои гласаа бидејќи ова е добро за нашата демократија.“ - изјави Санез.

Шпанските медиуми веќе навестуваат дека можни се нови избори и зголемување на кризата со оглед на тоа дека владеачките социјалисти не успеаа да коалицираат со левичарската и идеолошки поблиската партија Унидас Подемос. Со овој резултат, секоја коалиција на левицата би зависела од каталонските партии за независност, а токму тоа, според експертите ја прави целата ситуација многу нестабилна.

„Иако Социјалистите, Подемос и каталонските партии , се лево ориентирани, тие сепак имаат различни интереси и погледи на работите. Каталонските партии сакаат независност. Ова пак е во целосна спротивност со програмата на социјалистите.“ - изјави Мигел Анксо Мурадо.

Лидерот на десно ориентираната народната партија, кој освои 87 пратенички мандати Пабло Касадо, вели дека за нив ова преставува добар резултат но од аспект на иднината на Шпанија и формирање на влада, резултатот е лош. Иако уште во текот на кампањата упатуваше остри критики кон политиката на владеачката партија, сепак вели дека Шпанија повеќе не може да остане без влада.

Трета партија според моќност во парламентот во Мадрид е десничарската „Вокс“ која освои 52 пратеника, двојно повеќе во споредба со претходните избори кои се оддржаа на 28 април.

0 Коментари

Остави коментари