Состанок на македонско-бугарската историска комисија
Foto

Состанок на македонско-бугарската историска комисија

Македонско - бугарската Комисија за историски прашања постигна напредок на денешната средба. Двајцата копретседатели Драги Ѓоргиев и Ангел Димитров подадоа рака и ја усогласија содржината на Записникот од деветтата средба.

Во однос на десеттата средба надминати се неколку прашања поврзани со содржината на записникот. Се до наредната официјална средба на Комисијата која ќе се случи на 25 и 26 февруари ќе се усогласуваат ставовите околу придавката македонски.

Денеска се разговараше и за името на самата Комисија. Дали ќе биде македонска комисија или комисија за историски прашања на Република Северна Македонија.

Историчарите денеска добија француско-германска поддршка. Францускиот амбсадор Бомгартнер побара да им се остави простор на историчарите.

„Надвор од актуелните потешкотии, сметам дека принципот и работата на оваа комисија, треба да бидат подржани, затоа што истата треба да спроведе важна задача која на долгорочен план ќе помогне да се надминат денешните потешкотии.“ - изјави Сирил Бомгартнер француски амбасадор.

Но и во ЕУ работите не се движат така глатко и мазно. Француско - германскиот заеднички учебник по историја со идентична содржина кој е направен по иницијатива на германско-францускиот парламент од 2003 година, едвај се користи.

„На наш срам, морам да констатирам, дека учебникот по историја, барем во Германија, одвај да се користи. Од тие причини денес им пишав на колегите во Берлин, од Одделот за Франција и ги прашав, учебникот го имаме веќе 10 години, не сакате ли повторно да го заживеете и одговорот беше дека се среќни што го поставувам ова прашање и е време за нов поттик.“ - изјави Анке Холштајн германски амбасадор.

Консензусот е во европски дух, но Балканот дефинитивно функционира со различен такт. Двајцата копретседатели на македонскот – бугарската Комисија за историски прашања, Драги Ѓоргиев и Ангел Димитров, за време на прес конференцијата во декември си префрлуваа а единственото за коешто се согласија беше дека има нула напредок. Тогашната средба беше карактеризирана како тотално фијаско, а Преспанскиот Договор кој треба да ги отвори вратите, го ставија како пречка за понатамошни разговори.

0 Коментари

Остави коментари