Состанок на акциската група за борба против дезинформации
Foto

Состанок на акциската група за борба против дезинформации

Пропагандата, дезинформациите и евтините квази новинарски приказни служат за создавање параноја и заговор, ја поткопуваат демократијата и националната безбедност. Тие не се слобода на говор вели премиерот Заев. Во борбата против лажните вести потребни се сите страни, еснафските новинарски здруженија кои започнаа иницијатива за создавање регистар на професионални онлајн медиуми.

Потребни се силни медиуми и отчетни институции порачаа претседателот Пендаровски и првиот човек на парламентот Џафери, на првиот конститутивен состанок на Акциската група за координација на државните институции за борба против дезинформации. 

Министерот Поповски вели во тек е изготвување план за справување со дезинформациите. 

Министерот за надворешни работи, пак Никола Димитров денеска се огласи со ФБ статус во кој објави дека се откажува од тужби за медиумите, во корист саморегулацијата. Се повика на двете одлуки на СЕММ коишто потврдуваат дека два интернет портали Инфомакс и Република го прекршиле Кодексот на новинари, објавувајќи неточни информации за наводната вмешаност на Димитов во аферата „Рекет“.

„Згрозен од дрскоста моето име да се плетка во случај со кој немам врска, кажав дека правда ќе побарам на суд. Но, следејќи ги добрите европски практики и апелите на новинарските организации, особено во контекст на најавената силна саморегулација на интернет просторот, се одлучив да ги поддржам професионалните новинари и нивните обиди за воспоставување на ред во сопствениот двор“. - пишува министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Новинарските здруженија претходно укажаа на неколку проблематични точки во предлог акцискиот план и побараа вклучување на медиумската јавност во него. Во октомври ќе следат средби со сите засегнати страни во борбата против дезинформациите.

0 Коментари

Остави коментари