Соработка со локалното население од граничните реони за пресретнување на криумчарите на мигранти
Foto

Соработка со локалното население од граничните реони за пресретнување на криумчарите на мигранти

Интензивирање на соработката со локалнот население  од граничните региони и воспоставување секојдневна комуникација со локалните власти се дел од препораките што ги упатуваат универзитетските професори со цел сузбивање на илегалните преминувања на мигрантите кои станаа секојдневие во Југоистокот.

На конференцијата за локална безбедност во контекст на безбеднсота на современите ризици и закани во Струмица,  Атанас Козарев смета дека освен редовни контроли потребна е и соработа со жителите кои живеат во вакви реони кои се детектирани како илегални гранични премини.

За половина месец МВР во две одделни акции откри организирани групи кои се занимавале со крумчарење мигранти при што 20 тина лица се приведени.

Меѓу нив дури половина или десетина се од Југоистокот  при  што главните организатори се од од Богданци. Како што кажаа порпаролот на МВР Тони Ангеловски тие соработувале со лица од од Грција и Србија при што илегално пренесувале над 200 мигранти за последните десетина месеци.

Летово по патиштата во Југоистокот секојдневно се откриваа обиди за илегално транспортирање на мигрантите со патничи и товарни возила. Во три наврати се случвуаа и сообраќајки при што десетина мигранти беа повредени а едно лице кај Струмица.

0 Коментари

Остави коментари