Сопругот на докторката која го дала боледувањето на Катица Јанева е вработен во СЈО?
Foto

Сопругот на докторката која го дала боледувањето на Катица Јанева е вработен во СЈО?

Дали Љуба Цилкова - директорката на психијатриската болница-Негорци го издала боледувањето на Катица Јанева? Нашите извори од СЈО ја потврдуваат оваа информација, но на ПР службата во обвинителството Јанева им рекла дека боледувањето и го издал матичен лекар.

Цилкова е сопруга на Методи Цилков, кој е вработен токму во обвинителството со кое раководи Јанева. Оваа информација за вработувањето на Цилков ја потврдија и официјално од СЈО. Според нашите информации тој работи како доставувач од први април 2016-та година.

ТВ24 денеска контактираше со директорката Цилкова која на нашето прашање по која основа и дала боледување на Јанева, одговори :

Toa не се информации за јавно споделување. Ве молам оставете ме на мира, не ме барајте повеќе, изјави во телефонски разговор Цилкова

Катица Јанева поднесе оставка на 15 јули, откако поминаа три дена не се појавуваше на работа и никој не знаеше каде е специјалната обвинителка. После три дена го испрати известување во СЈО дека е има отворено боледување од 16-ти јули, еден ден по условената оставка.

0 Коментари

Остави коментари