Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози
Foto

Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ информираат дека поради поставување на канализациона мрежа во село Чајле, сообраќајот на регионалниот пат Гостивар-село Чегране ќе се пренасочува по алтернативни патишта.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

0 Коментари

Остави коментари