Сообраќајна несреќа во Хрватска, излета косовски автобус од автопат во Хрватска
Foto

Сообраќајна несреќа во Хрватска, излета косовски автобус од автопат во Хрватска

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово на автопатот кај Славонски Брод во Хрватска, во близина на наплатните рампи, кога косовски автобус излета од патот, загинаа десеттина лица меѓу кои и едниот возач, а над 40 беа примени во болница, од кои 15 во сериозна состојба.

Автобусот сообраќал на линијата Франкфурт-Приштина, а во него имало 67 патници и двајца возачи. Во автобусот имало и малолетници, а едно девојче е потешко повредено. Според неофицијални информации што ги објавуваат хрватските медиуми, најверојатно причина за несреќата е замор кај возачот, кој е приведен. 

„Возачот е уапсен под сомнение дека управувал моторно возило на начин што се движел неправилно, односно не ја користел сообраќајната лента за движење, туку излетал. Кои се причините за излетувањето, ќе се утврди во текот на преземањето доказни мерки.“ - изјави Славко Прањиќ - заменик државен обвинител во Славонски Брод.

Директорот на болницата во Славонски Брод Јосип Самарџиќ рече дека  над 40 лица побарале лекарска помош, и дека има повеќемина тешко повредени. 

„Помош на ургентното одделение побараа 45 лица, од кои 8 се потешко повредени и во тек се  хируршки интервенции иметоди на интензивно лекување.“ - изјавиЈосип Самарџиќ - директор на болницата во Славонски Брод.

Туристичката компанија „Дева Турс“ од Ѓаковица соопшти дека нивниот автобус, кој  излетал  кај Славонски Брод, превезувал гастарбајтери и членови на нивните семејства од Франкфурт до Приштина. Тие соопштија дека засега немаат други податоци за жртвите. Началникот на сообраќајната полициска станица Славонски Брод, Фрањо Галиќ, рече дека ова е една од најсериозните несреќи што ги видел досега. 

„Имав многу несреќи, но оваа е навистина тешка и мислам дека е една од најсериозните несреќи на кои сум бил сведок. Автобусот беше полн“. - изјави Фрањо Галиќ - началник на полициска станица - Славонски Брод.

Претседателот и премиерот на Хрватска Зоран Милановиќ и Андреј Пленковиќ изразија сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посакаа брзо закрепнување. Предходно некои хрватски медиуми објавија дека автобусот бил македонски, но подоцна се утврди дека станова зор за автобус со косовски таблички. Сообраќајот на автопатот беше пренасочуван по околните патишта.

0 Коментари

Остави коментари