СОНК нема да штрајкува, од јануари 2020 за 10 отсто повисоки плати за наставниците
Foto

СОНК нема да штрајкува, од јануари 2020 за 10 отсто повисоки плати за наставниците

Од 1 јануари просветните рабоници ќе добијат за 10 проценти повисоки плати. По неколку недели преговори падна договор помеѓу Министеството за образование и Синдикатот.

Договорот доаѓа откако вчера СОНК одлучи да го стави во мирување претходно најавениот штрајк, предвиден за в понеделник. Владата и МОН предизборно попуштија и го прифатија барањето на синдикатот наместо од април 2020 – покачување на платите да почне во првиот месец од новата година.

По час и половина средба претседателот на синдикатот Јаким Неделков истакна дека е прифатено едно од нивните клучни барање – но оттука се отворила врата и на нови рунди преговори. За СОНК одлуката е почеток за решавање други отворени прашања. 

За најавената средба пак со првиот човек на најголемата опозициска партија претседател Неделков на само 15 минути пред почетокот на истата рече дознал од новинарите. Според ВМРО-ДПМНЕ средбата за која уредно била испратена и воедно прифатена поканата еднострано била откажана.

Досега платите на просветните работници во изминативе две години беа зголемени два пати за по 5 проценти. Новото покачување најавено за следната година кое ќе биде трето по ред за време на оваа влада – ќе се однесува за платите на наставниците од основото и срдното, но и за професорите од високот образование.

До заедничко решение синдикатот и ресорното министерство дојдоа и во исто време кога министрите во Владата ги усогласуваат ставовите околу новиот буџет, кој според најавите треба да биде донесен на следната владина седница, но засега се уште останува мистерија колку ќе тежи државната каса за следната година.

0 Коментари

Остави коментари