Сончево со слаб ветер, температурата до 28 степени
Foto

Сончево со слаб ветер, температурата до 28 степени

Времето денеска ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 6 до 12 степени, а дневната од 20 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната до 26 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на сончево време со дневни температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.

0 Коментари

Остави коментари