Сончево со слаб до умерен ветер
Foto

Сончево со слаб до умерен ветер

Времето во земјава ќе биде  сончево  со слаб до умерен југоисточен ветер. Во утринските часови понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, особено во јужните делови.

Утринската температура ќе се движи од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, сончево и по малку магливо со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 0, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Ќе продолжи периодот на сончево време со студени утра.

Понекаде во котлините во утринските часови ќе има услови за магла и ниска облачност, особено во јужните делови. Во вторник се очекуваат врнежи од дожд проследени со засилен ветер.

0 Коментари

Остави коментари