Сончево со северен ветер
Foto

Сончево со северен ветер

Времето денеска ќе биде претежно сончево, во источните делови со мала локална облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Во текот на ноќта ќе биде претежно ведро и ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната од 26 до 33 степени.

Во Скопје слично време, повремено со засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 14 до 30 степени целзиусови.

До среда ќе се задржи претежно сончево и топло време, а дневните температури ќе бидат високи за овој период од годината. Веќе од четврток се најавува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд. Температурата ќе биде во опаѓање.

0 Коментари

Остави коментари