Сончево и топло време, температурата до +23 степени
Foto

Сончево и топло време, температурата до +23 степени

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од 14 до 23 степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе се намали за пет до осум степени. Од вторник до четврток ќе преовладува претежно облачно со повремени врнежи од дожд на пониските места, а на планините од снег. Температурата во овој период ќе биде во постојано опаѓање со се пониски утрински температури.

0 Коментари

Остави коментари