Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност
Foto

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност

Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има појава на локален краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 12, а дневната од  16 до 26 степени.

Во Скопје сончево со мала локална облачност и со краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 24 степени.

Во наредните денови времето претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има зголемена облачност со локален дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на локално невреме.

0 Коментари

Остави коментари