Сончево и топло - температурата до 36 степени
Foto

Сончево и топло - температурата до 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени.

И во наредните денови ќе преовладува стабилно и топло време. Од утре ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од западен правец. Во сабота ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и на места температурите ќе бидат пониски за неколку степени.

0 Коментари

Остави коментари