Сончево и студено со мала локална облачност

Времето ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -1, а максималната ќе достигне од 0 до 9 степени.

Во Скопје, сончево и студено со мала локална облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 5 степени.

До сабота ќе преовладува стабилно и суво време. Ведрото време ќе услови во следните денови утринските температури да бидат ниски, особено во среда и четврток кога на места ќе се спуштаат и под минус 10 степени. Во петок и за време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла.