Сончево и многу топло до 38 степени
Foto

Сончево и многу топло до 38 степени

Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец ќе преовладува денеска во земјава.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 13 до 21 степен, додека максималната дневна температура ќе биде помеѓу 30 и 38 степени. ИВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје и во околината ќе преовладува топло време со температура од 19 до 35 степени.

0 Коментари

Остави коментари