„Сонцето“ од Кутлеш заминува во историјата
Foto

„Сонцето“ од Кутлеш заминува во историјата

Преспанскиот договор не создава обврски за приватни лица и за приватни ентитети, вели министерот за локална самоуправа Горан Милевски на прашањето дали се предвидени казни за граѓаните кои го употребуваат сонцето од Вергина.

Милевски додава дека старото знаме не се употребува на државните институции уште од 1995 година, а според преспанскиот договор центрачната власт и локанлните институции мора сега да го имплементираат тоа.

Милевски вели дека ќе треба интервенција и на спомениците, исто според договорот.

Владата вчера им препорача на единиците на локалната самоуправа да ја почитуваат обврската од преспанскиот договор и да пристапат кон отстранување на симболот на Сонцето на Вергина од сите јавни места и јавна употреба.

Во соседна Грција пак имплементацијата на договорот не оди според предвиденото, па така на патиштата кои водат кон Северна Македонија, сеуште нема табли со новото име, туку пишува Фиром и Скопје.

0 Коментари

Остави коментари