Сомнежи за истрагата за случајот „Рекет“ која што заврши со обвинение, од дел од адвокатите
Foto

Сомнежи за истрагата за случајот „Рекет“ која што заврши со обвинение, од дел од адвокатите

Сомнежи за истрагата за случајот „Рекет“ која што заврши со обвинените – искажаа вечерва адвокатите Звонко Давидовиќ, Валентин Зафиров и Ружица Николовска во 24 Анализа со Душица Мрѓа.

Давидовиќ потсети на сите контроверзии во текот на истрагата и порача дека за него е сомнително што завршила само на три обвинети лица, од кои еден сосптвеник на ТВ, еден бизнисмен и екс-СЈО. Давидовиќ посочи дека според него има сомнежи и за евентуална вмешаност на други лица. Тој порача дека како правни застапници на Јасна Мандиќ, осомничена во новата истрага за невладината на Боки 13  ќе се жалат на куќниот притвор. 

Зафиров пак потенцираше дека за активностите за кои се терети Јанева, во „Рекет“, треба да одговара и Орце Камчев за поткуп, но и судиите кои ги прифаќале различните мерки кои Јанева ги барала под исти околности.

„Ако се прашувам јас, од она што го знам досега, од јавно достапните информации, нема основ во моментов за притивор ниту за Јанева, ниту за Ременски. Според сомнежите на Ременски, не знам ниту зошто пасошот и е одземен“ - изјави Зафиров.

Николовска децидна - осомниечни и обвинети од висок профил како Јанева и Ременски треба да бидат во притвор, поради нивниот профил, но и поради можнота за влијание на сведоци и опасност од бегство. 

„Ременски е актуелен политичар со контакти со високи функционери и може да влијае на сведоци. Нормално е кога некој од нејзин калибар се појавувал на состаноците за проектите на Јовановски кај бизнисмените, да помислат дека власта гарантира за нив“ -  вели Николовска.

Сите тројца порачаа дека до моментот на прифаќање на обвинение, обвинетите имаат право на спогодба, но не сакаа да лицитираат дали некој и кој ќе побара.

0 Коментари

Остави коментари