Солунското пристаниште да биде клучен приоритет за развој на соработката
Foto

Солунското пристаниште да биде клучен приоритет за развој на соработката

Поефикасен и поевтин транспорт за Солунското пристаниште - ова е само едно од клучните барања што стопанствениците од земјава и од Грција ги испорачаа до премиерите Заев и Ципрас на бизнис форумот.

„Додека политиката крахираше, ние од бизнис скеторот работевме. Автопатите се изградени,с ега треба да се модернизира железницата оти тоа е точката која ен спојува со Солунското пристаниште“, вели Бранко Азески, Стопанска комора на Македонија.

„Пристаништето во Солун е клучно за транспортот на стоки, а дел од таа трговија односно 30% се потпира на Северна Македонија. Секако тука е и туризмот. Грција останува прв избор за граѓаните на Вашата држава “, вели Константин Михалос, Комора за трговија и индустрија на Атина.

Владите на двете земји договориле формирање на заеднички комитет за економски прашања, каде пред се ќе се отвори прашањето и за трговските марки, но и прашањата за избегнување на двојно оданочување, подобра синфрасгтруктура и енергетско поврзување. Двата нови гранични премини ќе треба да придо9неат за подбра економска соработка.

„Вие претставници на бизнис заедницата во одреден дел на историјата бевте најоштетните заради тоа што вам одмна ви бил очигледен потенцијалот за економска соработка доколку напите две држави се пријателски настроени. Вие бевте тие што и покрај политичките пречки и неможноста на политичарите секогаш да го стават повисокиот интерес во фокусот, моравте да барате креативни решенија да соработувате меѓу вас“, вели Зоран Заев претседател на Владата ба РСМ.

Инвестираме во сегашнбоста со цел заеднички да ја изградиме иднината, порача Ципрас.

„Република Северна Македонија ќе биде земја која благодарение на договорот од Преспа и реформите што ги спроведува владата на Зоран Заев покажува дека е одлучна да оди по европскиот пат. Пат за просперитет, не за елитите, туку за народите. Грција на овој пат ќе биде сојузник на Република Северна Македонија. А сите европски партнери да сфатат дека дека треба да биде наградена со отворање на пристапните преговори“,изјави Ципрас.

Минатата година, во споредба со 2017 година трговската размена меѓу двете змеји се зголемила за 20,7 отсто и изнесува близу една милијарда долари. Раст има и кај увозот и кај извозот. Грција е втор трговски партнер на земјава, додека во однос на инвестициите дури десет отсто од странските директни инвестции во земјава се со грчки капитал.

0 Коментари

Остави коментари