Солески за тв 24: Ивермектин не е волшебен лек
Foto

Солески за тв 24: Ивермектин не е волшебен лек

Доктор Кирил Солески специјалист по семејна медицина од поликлиника „Семед“ во емисијата 24 анализа вели дека лекот ивермектин не е волшебен лек не може да го излекува ковид, туку дека неговата ефикасност е докажана само лабораториски.

„Има неколку помали студии, но нема поголеми кои би ја докажале неговата ефикасност. Треба со многу внимание и консултација со матичен лекар за користење на овој лек. Да не се зема на своја рака. Добивме од Лекарската комора упатство за користење на лекот во која фаза и доза и ќе имаме презентации со Лекарската комора.“ - вели

Солески вели дека граѓаните бараат дополнителни информации за лекот и дека тие преку разговор ги информираат за се во врска со користење на лекот. Солески потенцираше дека е е многу комплексна и важна улогата на матичните лекари за пациентите со ковид 19.

0 Коментари

Остави коментари