Сојузни држави со групна тужба против Трамп
Foto

Сојузни држави со групна тужба против Трамп

Калифорнија и уште 15 други американски држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради одлуката да прогласи вонредна состојба, со цел да се обезбедат средства за изградба на ѕид на американско-мексиканската граница.

- „Денеска, на Денот на претседателот, го тужиме претседателот Трамп пред судот, за да ја прекине злоупотребата на претседателските овластува. Го тужиме претседателот Трамп за да го спречиме самостојно да ги ограби средствата на даночните обврзници, кои Конгресот законски ги издвои за луѓето од нашата земја. За повеќето од нас, Кабинетот на претседателот не е место за театар.“ - велат од Државно обвинителство на Калифорнија.

Истовремено, пред Белата куќа во Вашингтон со транспаренти на кои пишуваше „Трамп го корумпира Уставот” и „Веќе не сакаме крал”, стотици противници на американскиот претседател протестираат против неговото објавување на вонредна состојба

- „Ова е лажна вонредна ситуација, на јужната граница не постои никаква причина за да мора да се прогласи вонредна состојба. Ова е само расизам.“ - изјави Ана Марија Акрила – Центар за демократија.

- „Тој ќе краде пари кои ни се очајно потребни само за да изгради споменик на расизмот долж границата со Мексико“. - изјави Ана Марија Акрила – Центар за демократија.

За време на изборната кампања во 2016 година, Трамп вети дека ќе изгради ѕид на границата со Мексико, со цел да се спречи илегалната миграција. Бидејќи Конгресот не одобри пари, Трамп во петокот прогласи вонредна состојба, што му овозможува да го користи, меѓу другото, и буџетот на Пентагон.

Демократите и некои републиканци го обвинија дека ја злоупотребува власта, а опозицијата се надева дека во Конгресот ќе се изгласа „заедничка декларација”, со што указот на претседателот ќе биде блокиран.

0 Коментари

Остави коментари