Социјалното во Велес: Семејството Јованови се во системот за социјална заштита
Foto

Социјалното во Велес: Семејството Јованови се во системот за социјална заштита

По вчерашната сторија на ТВ 24 за велешкото семејство Јованови денеска се јавија од Центарот за социјални работи Велес.

„Во врска со семејството на Ангелина и Јордан Јованови од Велес ја информираме јавноста дека Јованови се во системот на социјална заштита и примаат помош од 11.600 денари. Дополнително во соработка со Општина Велес работиме на обезбедување на помош за подобрување на условите на живот.

Центарот за социјални работи Велес е во постојана комуникација со корисниците на социјалните права и се грижи за нив со цел да им обезбеди подобри и попристојни услови за живот.

Во меѓувреме Јованови се снабдени и со огрев и се упатени на остварување на другите права од социјална заштита“ - велат од Центар за социјални работи од Велес.

 

0 Коментари

Остави коментари