Собранието по скратена постапка ги усвои измените во законот за извршување
Foto

Собранието по скратена постапка ги усвои измените во законот за извршување

Наместо досегашните 1/3 од плата или пензија, извршителите отсега ќе можат да задржат само 1/5 од месечните примања. Собранието по скратена постапка ги усвои измените во законот, со кои, меѓу другото, се доуредува постапувањето на извршителите.

Тие нема да можат присилно да наплаќаат од граѓани кои се корисници на социјална помош, а се намалува и износот на сумата која може да биде задржана од надоместот на трошоци за сместување на лице и од надоместокот за згрижување на згрижувачко семејство, како и за децата корисници на семејна пензија.

Од НБО стоп за изврителите кои изминатава година го преплавија министерствоо за права до приговори, но и организаа протести секој вторник велат дека дел од нивните барања се исполнети но дека тоа е само еден мал сегмент. 

Министерката за правда Рената Десковска уште синоќа се пофали на фејсбук. Вели дека со промената на законот се заштитуваат ранливите групи на граѓани кои поради разни причини, не се во можност да ги исплатат долговите. Примената на законските одредби се однесува и за веќе започнатите извршувања.

„Измената на Законот за извршување е одраз на реалната потреба за помош и поддршка на загрозените категории на лица кои се соочуваат со егзистенцијални проблеми, но и на социјално ранливите групи на лица, кои не по своја вина не се во можност да го намират своите долгови без да им се загрози егзистенцијата, не само лична, туку и на нивните семејства.“ - напиша министерката за правда Рената Дескоска на фејсбук.

Претседател на Комората на извршители, пак Зоран Димов, вели дека ваквата одлука е поволна за граѓаните, но дека треба да се почека да се види дали и во пракса ќе функционираат новите законски измени.

„Измените се поповолни за граѓаните, бидејќи ако досега за долг од 10.000 денари месечно се извршуваа по 3.000 денари, сега ќе се одземаат по 2.000 денари. Треба да се остави време, зошто во пракса најдобро ќе се види како ќе функционираат измените.“ - изјави Димов за Фокус.

Кон крајот на минатата година, предлогот за намалувањето на награда при извршување на парични побарувања од граѓани од 1.000 на 300 евра предизвика реакција кај извршителите...Од комората тогаш изјавија дека дел од нив едвај преживуваат додека пак дел веќе останале без работа.

0 Коментари

Остави коментари