Собраниските служби се уште ги архивираат и преведуваат амандманите кои опозицијата ги поднесе во комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања на која ќе треба да се дискутира за измени и дополнувања на деловникот за он лајн гласање.
Во меѓувреме партиите и денеска остануваат на забетонираните ставови. Кординаторот на ПГ на СДСМ Јован Митревски вели комисијата е затрупана од нелогични амандмани на нивните колеги од опозицијата кои на секој можен начин како што обвини се обидувбаат да ја блокираат работата на собранието.
За ВМРО-ДПМНЕ пак собранието може да работи и со 115 пратеници а како што изјави и денеска нивниот кординатор Никола Мицески деловникот не може и не смее да се изменува и дополнува без консензус
Опозициските партии во законодавниот дом вкупно поднеле околу 3000 амандмани до комисијата која ќе треба да расправа за он лајн следење и работење на собранието за пратениците позитивни на Ковид 19 или оние кои што се во изолација.
Ова не е прв пат кога работата на собранието била закочена со поднесување на голем број амандмани, како што беше случајот и со Законот за јазици кога опозициската ВМРО-ДПМНЕ тогаш поднесе околу 20 илјади амандмани. Сепак во голема мера од тоа дали ќе има измени во деловникот ќе зависи и како понатаму ќе работи законодавниот дом во носењето на важните законски решенија.
0 Коментари