Со вишокот администрација владата ќе се справува по изборите
Foto

Со вишокот администрација владата ќе се справува по изборите

Со гломазната и неефикасна администрација, Владата ќе се справува по изборите. Министерството за администрација се уште анализира дали и колку луѓе се вишок, колкави ќе бидат импликациите врз буџетот и начинот на кој ќе се поддржи трансферот на вработени во приватниот сектор.

Засега се разгледуваат пет модели. За повисоки плати администрацијата да се понуди на приватниците, со тоа што државата ќе ги плаќа придонесите. Се разгледуваат пакети за прекфалификација, за приватниот сектор, но и за внатре во институциите, како и исплаѓање на отпремнина за тие што сакаат доброволно да замина.

„Ќе се обидеме ова да успее. Зашто идејата ни е јавниот сектор да стане поефикасен. Да затвориме некои дупки на пазарот на труд, што се јавуваат кај приватниот сектор, а при тоа да нема жртви. Да не останат луќе на улица и без работа. Ние сме социјална држава, а ние уште и левичарска влада, се обидуваме сите ако можат да најдат работа, во приватен или во јавен сектор. Тоа би било идеално.“ - изјави Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација.

Манчевски вели дека кај нас 19% од вработените во државта работат во јавната администрација, а европскиот просек е 17%. Тврди дека со овој проект нема да се дозволи партиска чистка на вработените во јавниот сектор.

„Не станува збор за кој луѓе, туку кои работни места се вишок. Не треба ова да се сфати како начин за промена на вработените, зашто институциите ќе треба многу да внимаваат дека местото што ќе го прогласат дека им е непотребно нема да можат да го обноват подолг временски период. Не е ова ќе се ослободиме од едни луѓе па ќе вработиме други.“ - изјави Манчевски.

Наместо да се намалува бројот на администрацијата од година в година се зголемува. Последните бројки кажуваат дека во државните институции работат над 132 000 лица, што е за 3 300 повеќе од претходната година. За нивните плати оваа година ќе бидат потрошени над 485 милиони евра, што е за триесетина милиони повеќе од лани.

0 Коментари

Остави коментари