Со спектакуларен гала концерт на Ванеса Меј отворено 59. „Охридско лето“
Foto

Со спектакуларен гала концерт на Ванеса Меј отворено 59. „Охридско лето“

Да ѝ дозволиме на уметноста да нè инспирира на храбри потфати. Да развиваме култура што ќе го отсликува богатството на нашите различни традиции, тука, во Северна Македонија. Да негуваме длабока почит и одговорност за природата што ни е доверена на чување, истакна вечерва претседателот на државата Стево Пендаровски на отворањето на 59. издание на фестивалот „Охридско лето“ на сцената на Античкиот театар во Охрид.

Прогласувајќи го фестивалот за отворен претседателот на Северна Македонија подвлече дека во наредните 40 дена ќе бидеме граѓани на уште една заедничка татковина.

Фестивалот „Охридско лето“, според министерот за култура Хусни Исмаили, како најголем амбасадор на културата и уметноста на Северна Македонија во светот, покрај афирмацијата на светските вредности, дава силна поддршка и на домашната сцена која со секоја своја изведба потврдува дека е дел од европската перспектива на земјава и најсилното оружје кое лесно ги дофаќа европските височини.

Уметничката порака на годинашното фестивалско издание ја прочита режисерот Александар Поповски, кој му ја посвети на македонскиот драмски писател Горан Стефановски. Почнувајќи со извадок од „Црно семе“, Поповски посочи дека уметникот треба да се слави за да остане запишано се она што е околу нас.

Спектакуларен гала концерт на отворањето на годинашното 59. издание на фестивалот „Охридско лето“ имаше светски познатата виолинистка, Ванеса Меј.

0 Коментари

Остави коментари