Со ребалансот буџетот за годинава 3,95 милијарди евра, дефицитот 6,8 отсто од БДП
Foto

Со ребалансот буџетот за годинава 3,95 милијарди евра, дефицитот 6,8 отсто од БДП

Вкупните расходи, со ребалансот на буџетот за, годинава, е 3,95 милијарди евра и е за 1,4 отсто поголем во однос на иницијалниот буџет за годинава, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска.

Приходите, како што рече, со измените и дополнувањата на буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година се планирани на ниво 3,2 милијарди евра и истите се помали за 11,5 отсто или за 25,5 милијарди денари во однос на планот.

Дефицитот е позициониран на 6,8 отсто од БДП, што, како што рече, е во линија на проекциите на Европската Комисија.

0 Коментари

Остави коментари