Со отворено писмо 10 екс-шефови на дипломатии бараат ЕУ да ја исправи грешката за Македонија и Албанија
Foto

Со отворено писмо 10 екс-шефови на дипломатии бараат ЕУ да ја исправи грешката за Македонија и Албанија

Спротивставувањето на почетокот на пристапни преговори за Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка и ги поткопува авторитетот и кредибилитетот на ЕУ, пишува во отвореното писмо на 10 поранешни министри за надворешни работи, меѓу кои и поранешните шефови на македонската и грчката дипломатија Никола Поповски и на Никос Коѕијас, кои воедно ја повикуваат Унијата да ги надмине разликите за конкретното прашање.

Отвореното писмо го објавува грчкиот весник „Та неа“, а освен Поповски и Коѕијас, потписници се и поранешниот премиер и министер за надворешни работи на Црна Гора, Игор Лукшиќ, поранешниот заменик канцелар и министер за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел, поранешната вицепремиерка на Хрватска, Весна Пушиќ, како и поранешните шефови на дипломатиите на Албанија, Дитмир Бушати, на Кипар, Јоанис Касулидис, на Бугарија, Кристијан Вигенин, на Австрија, Карин Кнајсл и поранешниот министер за надворешни работи на Србија и Црна Гора, Горан Свилановиќ.

Тие пишуваат дека блокадата од ЕУ за Северна Македонија и Албанија ја става под знак прашалник способноста на Унијата за создавање стратешки разврски и стабилност во Југоисточна Европа.

-Спротивставувањето на почетокот на пристапни преговори е стратешка грешка што придонесува во зацврстувањето на статусот кво на Западен Балкан и во неактивноста на ЕУ во еден се повеќе непостојана геополитичка средина. Должност на Европската унија е да придонесе во стабилноста и безбедноста на Југоисточна Европа. Затоа, интеграцијата на Западен Балкан треба да ја сфати како елемент на одговорна политика, а не како товар. Освен тоа, спротивставувањето на почетокот на пристапни преговори со гореспоменатите земји ги поткопува авторитетот и кредибилитетот на ЕУ, пишуваат во писмото поранешните шефови на дипломатиите.

0 Коментари

Остави коментари