Со новиот ДУП ќе се градат две нови згради во населбата Пролет
Foto

Со новиот ДУП ќе се градат две нови згради во населбата Пролет

Додека општината Кисела Вода носи одлука за нови 100 згради, од другата страна на Скопје, во општината Ѓорче Петров е донесена одлука за нови 100 згради.

Oпштината Центар пак со нов урбанистички план во коj се вцртуваат само 2 станбени згради. На ваков потег се одлучи Советот на општина Центар каде советниците едногласни дека потребно е повеќе зеленило, а помалку градежни зафати.

Новиот урбанистички план за населбата Пролет е со посебен фокус кон зеленилото и решавање на долгогодишниот проблем со паркингот. Дополнително во новиот план за населбата Пролет, покрај oсновното училиште „11. Октомври“ ќе треба да има и детска градинка. Површината под јавно зеленило е зголемена од 4.283 на 8.788 метри квадратни во однос на претходните планови кои беа ставени под мораториум.

Претседателката на советот на општина Центар вели дека потребно е на граѓаните да им се даде јавниот простор. Друг сегмент на кој потенцира е да се обрне внимание на одржливоста на градот и да се даде можност на останатите општини. 

Дека општина Центар важи за една од најпосакуваните локации за градење може да се види и низ Деталните урбанистички планови кои во моментов се под мораториум. 

Оваа е една од локациите позади „Даре Џамбаз“ каде на местото на паркчето и зеленилото било предвидено зграда од 8 ката за потребите на СГС, како и катна гаража. 

Со новиот ДУП, советот на општина Центар одлучи наместо бетон – зеленилото и паркот да остане, а зградата и катната гаража нема да се градат. Останатите ДУП-ови кои се под мораториум се уште подлежат на ревизија, а дел се во завршна фаза, како што е и ДУП-от со кој се опфаќа и парцелата наспроти ГТЦ, каде што сопствениците на фирмата „Обновители“, Зоран Антиќ и МПЦ планираат да изградат три згради од по 60-ката.

0 Коментари

Остави коментари