СО НАСТАПОТ НА ВИОЛИНИСТКАТА ВАНЕСА МЕЈ ВЕЧЕРВА СЕ ОТВАРА ОХРИДСКО ЛЕТО
Foto

СО НАСТАПОТ НА ВИОЛИНИСТКАТА ВАНЕСА МЕЈ ВЕЧЕРВА СЕ ОТВАРА ОХРИДСКО ЛЕТО

Вистински спектакл се очекува вечерва на Античкиот театар во Охрид кога во 21 часот официјално ќе стартува 59 то издание на фестивалот Охридско лето заедно со светски познатата британка Ванеса Меј.

Интересот за следење на нејзиниот концерт е огромен, а веќе одамна се распродадени картите за отворањето. Мегапопуларната виолинистка Ванеса Меј веќе најави неповторливо доживување за љубителите на уметноста.

Меј до денес има продадено повеќе од 10 милиони албуми и добиено 40 интернационални награди за нејзините поп и класични снимки, додека пак концертите се пренесувани во повеќе од 100 земји во светот. Соработува со различни артисти меѓу кои и Џенет Џексон и Принс, а нејзиниот календар е исполнет со настапи со кои досега ја има обиколено земјината топка повеќе пати. Посетила повеќе од 50 земји, а свирела на атрактивни локации како: Кремлин во Москва, Хајд Парк во Лондон и Акропол во Атина.

Освен вечерашниот концерт програмата и за останатите 39 фестивалски денови е богата и исполнета и нуди содржини за сечиј вкус и возрастПрограмата на фестивалот ќе се одржува на веќе добро познатите локации, на сцената на Антички театар,предворјето на црквата Св.Софија и Центарот за култура. Фестивалското доживување завршува на 20 август.

0 Коментари

Остави коментари