Со „Генерациски концерт“ ќе се одбележи 70 годишен јубилеј на АКУД „Мирче Ацев“ - Скопје
Foto

Со „Генерациски концерт“ ќе се одбележи 70 годишен јубилеј на АКУД „Мирче Ацев“ - Скопје

Почитувани вљубеници во македонскиот фолклор, АКУД „Мирче Ацев“ - Скопје, со огромно задоволство го најавува Генерацискиот концерт по повод 70 години постоење кој ќе се одржи на 10ти декември во Националната Опера и Балет со почеток во 20:00 часот. На концертот учество ќе земат фолклорниот ансамбл, академскиот хор и народниот оркестар како и уметници кои твореле изминатите години во друштвото.

                 Фотографија на AKUD "Mirce Acev".         

Академското културно-уметничко друштво Мирче Ацев е име кое седум децении е симбол на македонската култура и уметност, амбасадор и презентер на македонското хорско, драмско и фолклорно творештво. Седум децении е подвижен музеј на непроценливото македонско богатство, кое претставува историја, идентитет на македонскиот народ.

АКУД „Мирче Ацев“ е формиран од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Меотдиј“ во Скопје во 1949 година како потреба на студентската младина да ги собира, негува и обработува македонското фоолкорно богатство, ората, песните, инструментите, богатите оригинални носии, македонскотоо хорско пеење и се со цел да го презентитра Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во земјава и надвор од неа преку фестивали, концерти и други настани во областа на културтата

0 Коментари

Остави коментари