Со чартер летови ќе се враќаат граѓаните заглавени во странство
Foto

Со чартер летови ќе се враќаат граѓаните заглавени во странство

Со чартер летови ќе се враќаат заглавените македонци во странство – 5000 граѓани се пријавени за назад. По претходна листа од Министерството за надворешни работи, Владата организира авионски превоз, а веќе се распишани и повици за чартер летови од Малта , Хрватска и Германија.

Дестинациите за чартер летови се утврдени за Малта – Скопје каде има 148 патници. Од Загреб 226 патници, Берлин 377 патници, од Бон ќе се вратат 355 граѓани и од Минхен 183 патници.

Во моментот се организира враќање на граѓани и од Лондон но и од повеќе европски дестинации каде има поголема концентрација и повеќе барања. Државата нема ресурси да организира летови од Тајланд или Нов Зеланд, каде има пријавено по еден граѓанин.

За оние кои ќе се враќаат, трошоците за авионски билет првично ќе ги покрива Владата – но откако ќе стапнат на македонско тло, имаат обврска да ги вратат парите на посебна сметка.

Од Министерството за надворешни работи известуваат дека од пет илјади пријавени граѓани, 4 илјади пријави се обработени а 2100 грѓани се согласни за поставените услови и ќе се вратат организирано.

Лицата кои ќе се вратат со чартер летовите при влезот во авионот ќе потпишуваат договор меѓу нив и Владата преку кој ќе гарантираат дека ќе ја исплатат сумата за авионскиот билет во рок од 15 дена од пристигнувањето, но и изјава дека се согласни да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.

Договорот помеѓу патниците и Владата има својство и на извршна исправа и може да биде предмет на извршување во случај на неисполнување на обврската од договорената страна.

0 Коментари

Остави коментари