Смртоносен смог над Балканот
Foto

Смртоносен смог над Балканот

Тетово, Гостивар, Струмица и Битола, утрово се најзагадени градови во Македонија.

Во овие градови воздухот е екстремно загаден, а средно загаден воздух дишат жителите на Кичево, Кочани, делови од Скопје и Куманово. Во светски рамки, денеска Скопје е 24-ти најзагаден град во светот. Синоќа Ои струмица беа најзагадени градови во Македонија.

Од балканските градови, утрово Сараево е 4-ти најзагаден град во светот. Според податоците на истражувачкиот институтот за мерење и процена на здравјето при универзитетот во Вашингтон. Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска се наоѓаат меѓу десетте европски држави со најголема стапка на смртни случаи поради загаденоста на воздухот.

0 Коментари

Остави коментари