Смртниот биланс од земјотресот во Турција се искачи на 42 лица
Foto

Смртниот биланс од земјотресот во Турција се искачи на 42 лица

Бројот на загинатите од земјотресот во западна Турција се искачи на 42 лица, соопшти Републичката агенција за вонредни состојби и природни катастрофи, пренесува ТАСС.

Претходно без пријавени 39 мртви и 885 повредени.

„Спасувачките екипи во Измир работат на урнатини на девет уништени згради“, се додава во соопштението.

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала ја потресе во петокот западна Турција, со епицентар во Егејското Море, во близина на градот Сеферихисар во провинцијата Измир. Земјотресот се почувствува и на блиските грчки острови. Грчките сеизмолози ја проценуваат неговата јачина на 6,9. Најмалку 20 згради се урнаа во Измир.

Земјотресот предизвика мало цунами што ги зафати крајбрежните улици на Сеферихисар.

Материјална штета има и на грчкиот остров Самос, каде две лица загинаа, а 20 се повредени.

0 Коментари

Остави коментари