Сметководителите ќе го кажат ставот за одбивањето на барањето за завршните сметки
Foto

Сметководителите ќе го кажат ставот за одбивањето на барањето за завршните сметки

Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори денеска на прес-конференција ќе го образложи својот став за одбивањето на нивното барање за одложување на роковите за поднесување на завршните сметки.

Сметководителите неодамна побараа да се направат измени во Законот за трговски друштва за да се пролонгираат роковите за поднесување на завршните сметки.

На прес-конференцијата најавено е обраќање на претседателот на Комората Драган Митковски и на Александра Андреева, член на Управниот одбор на Комората.

0 Коментари

Остави коментари