Случајот со Милош ги извади на површина системските проблеми
Foto

Случајот со Милош ги извади на површина системските проблеми

Сите среќни семејства си наликуваат едни на други, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин, запишал некогаш безвременскиот Толстој. Но, ова не е само уште една несреќна приказна, туку апсурдна. По сторијата на тв 24 за деветгодишниот Милош, чие семејство мизерува во село Живиње, масовно се одзваа хуманитарните луѓе, како и дел од надлежните, кои најавија донации и бесплатни прегледи за Милош кој е роден со срцева маана, а на училиште е приморан да оди со магаре или да пешачи по три часа на ден. Реакција имаше и од социјалните служби, кои вчера го посетиле домот на Трајановски.

„Констатирано е исклучителна лоша материјална и станбена состојба, условите за живот се лоши во секој поглед. Овој проблем е мултидиспилионарен и сите институции кои што ќе се пронајдат дека се надлежни за овие проблеми оставаме да се отповикаат.“ - изјави Ремзие Муслиовска - центар за социјални работи во Куманово,

Но, вистинско системско решение за ова семејство, но и сите другите од овие краишта, кои живеат како отсечени од светот, се чини е тешка процедура. Главен проблем е лошата територијална распределба. Ова е село Живиње. Територијално припаѓа на Општина Куманово, но единствениот асфалтиран пат, води кон Скопје. Затоа локалните жители гравитираат кон главниот град, а нивните деца учат во скопски училишта. За овој меѓупростор се чини никој не е конкретно надлежен, па превозот на учениците со години се решава со имровизации. Училишно комбе тука не поминува. Градоначалниците велат нашле соломонско решение, за одреден надомест некој од мештаните да ги носи трите деца од Живиње до скопска Сушица. Но, поради меѓусоседски недоразбирања, овој метод не функционира. Проблемот бара системско решение, вели градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

„Државата е должна преку Општините да обезбеди превоз и верувам дека ова не е единствен случај во Макеоднија, но превозот ќе се обезбеди во тој момент кога т ќе се обезбеди инфраструктура, до тој момент за жал ќе мора да се импровизира.“ - вели Максим Димитриевски – градоначалник на Куманово.

Неговиот колега пак, со кого ги делат ингеренциите за патот до Живиње, вети дека ќе иницираа заеднички состанок за да се најде трајно решение.

„Ќе се договоирме со Максим да изнајдеме решение барем за овие три месеци, ќе отвориме тендер за нова линија, Сушица Живиње, значи да оди автобус да ги зема тие деца и да ги враќа. Значи тоа го ветувам, имаме заеднички јазик и ќе изнајдеме решение.“ - изјави Борче Митевски – градоначалник на Општина Петровец.

Милош денеска отиде на училиште пешки. Неговиот поголем брат, не завршил средно образование, токму поради овие проблеми. Сепак, градоначалниците потенцираат дека не е се во нивни раце, и дека владата мора да се заложи за создавање еднакви услови за сите деца, но и за развој на овие региони, пред да се отселат и оние што останале.

Сметка за донации

210501728442564 Trajanovski Mile

0 Коментари

Остави коментари