Случај „Титаник“: Стотици лични карти се штанцале за граѓани од Албанија и Косово
Foto

Случај „Титаник“: Стотици лични карти се штанцале за граѓани од Албанија и Косово

Жители од албанското село Пустец и областа Гора без комплетни документи добивале лични карти во општина Центар. Ги сликале во полициската станица Беко, а наредбите ги спроведувале началници, советици кои го давале одобрението, но и оние кои ги фотографирале.

Посредникот кој ги носел на сликање е обвинетиот Мунир Пепиќ кој бил пратен од „горе“. Ова го потврди сведок на обвинителството во „Титаник“, кој ги пречекувал и фотографирал во полиција околу 600 лица.

„Во 17 часот дојде Пепиќ и со две три барања за лична карта ми рече договорено е да се сликаат. Видов дека се во систем ДИЈАСПОРА. Државјани што живеат во странство . Тој ми рече да се спроведе постапка за жители на Град Скопје.“ - изјави сведокот Ферус Али.

Под полна пареа се издавале личните карти, но и државјанства пред предвремените парламентарни и претседателските избори во 2014-та година. Сведоците почнале да прават отстапки во работењето по наредба од шефовите кон крајот на 2012-та и почетокот на 2013-та година.

Имало ситуации кога и без Пепиќ доаѓале жители од Пустец за сликање, но биле советувани следен пат да не доаѓаат без него, бидејќи на крај Пепиќ се потпишувал. Сведоците кои ги прекршувале процедурите не се спротивставувале жестоко на овие наредби, бидејќи биле информирани дека се од Киро Тодоровски- обвинет , човек близок до тогашната министерка Гордана Јанкулоска.  

Пепиќ ми рече има лица што живеат во Брод, Драгаш и исполнувааат услови за државјанство, но се во тешка материјална состојба и не можат да дојдат лично имаат свој претставник кој ќе ги носи барањата. Ја прашав началничката што ќе ми речете а таа одговори- „Не смееме Вики, но што да ти кажам, што да ти речам.“ - изјави сведокот Виолета Димитровска.

„Титаник е првата истрага која во 2016-та ја отвори СЈО. За изборни манипулации на чело со побегнатиот Никола Груевски, обвинети се и Мунир Пепиќ, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиевски, Мартин Протогѓер, актуелниот пратеник Илија Димовски и уште 15 нивни сопартијци.

0 Коментари

Остави коментари