СЛУЧАЈ „МОНСТРУМ“
Foto

СЛУЧАЈ „МОНСТРУМ“

Сведок на одбраната во постапката за случајот „Монструм“ денеска пред судот тврдеше дека на денот на петкратното убиство ниту слушнал истрели, ниту пак видел некој од обвинетите на местото каде се случи убиството. Рамадан Мурати, во своето сведочење истакна дека на 12-ти април, 2012 година на денот кога се случи убиството, работел на нивите кај Смилковско Езеро кои се во сопственост на обвинетиот Фејзи Азири. Судијата Огнен Ставрев го праша сведокот дали му е познат теренот околу Смилковското Езеро, дали знае колку езера има на местото, и дали на денот на петкратното убиство имало други лица освен риболовците? На ова сведокот одговори дека и тој ден имало луѓе што ловат риба, но одговори дека не ги познава. Сведокот Мурати рече дека не видел никој на местото од обвинетите во судница, а таму бил до 20 часот. Обвинителката Фатиме Фетаи реагираше на бавноста на процесот.

0 Коментари

Остави коментари