Случај „Империја“: банките со зголемена внимателност, дел од компаниите тврдат дека работат без проблеми
Foto

Случај „Империја“: банките со зголемена внимателност, дел од компаниите тврдат дека работат без проблеми

Најмоќните банки во земјава во координирана акција да го одржат тековното работење на фирмите од предметот Империја. Како што дознава тв 24 банките сакаат да ги осигураат своите побарувања што ги имаат во неколкуте најголеми компани од групацијата на бизнисменот Орце Камчев – Зик Пелагонија, Здравје Радово,Орка Холиднг, Ексико.. Станува збор за фирми во кои банките имаат пласирано милионски суми кредити па како стратешки интерес се наметнува потребата да ги обезбедат парите преку задржување на тековонот ниво на работа на компаниите. Овие четири компании, заедно со Тимох во годишните извештаи до Централниот регистар пријавиле неплатени обврски од над 60 милиони евра. Фирмите иако важат за профитабилни сепак, поради задолженоста, во нивните финасиски извештаи оценките се дека се надпросечно ризични и се препорачува дополнително внимание во работењето со нив. Оценките се движат од скала А како најмалку ризчни до скала Ф како најризични. Финансиската моќ и способноста за исплата на обврските е под знак прашање за Орка Холдинг, Ексико и млекарата Здравје Радово кои имаат оценка Д. Нивните неплатени обврски се 23 милиони евра. Пелистерка има оценка Е. Зик Пелагонија со долг од 37 милиони евра е оценет со Ф.

Банките не отркиваат детали за кредитната изложеност на компаниите повикувајчи се на деловна тајна, но велат дека ќе ги почитуваат мерките изречени од судот.

„Банката смета дека секој мора да одговара за законитоста во работењето на своите компании, но и судовите треба да имаат предвид при изрекување на мерките да овозможат непречено работење на компаниите за кои што се изречени такви мерки, се` до изрекувањето на правосилни судски одлуки, “ велат од Комерцијалнa Банка.

Од НЛБ Банка велат дека имаат започнато постапка за присилна наплата против должникот Земјоделски комбинат Пелагонија, а заради наплата на побарувања.

„Во рамки на наведената постапка од страна на надлежен извршител е издаден налог за заплена на удел, кој должникот Земјоделски комбинат Пелагонија го поседува во Друштвото за производство и трговија Млекара Здравје Радово.“ - велат од Тутунска банка.

И од НЛБ велат дека настојуваат да обезбедат стабилност и нормално функционирање на компаниите. Компаниите, пак, тврдат дека работат нормално.

„Орка Холдинг, со сите нејзини подружници со над 3.000 вработени, работи редовно и нормално ги обавува своите деловни, финансиски и тековни активности“

И Здравје Радово соопшти дека работењето на компанијата е беспрекорно.

0 Коментари

Остави коментари