Парламентот на Словенија денеска се очекува да го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО.
Во рамките на вонредната седница треба да се обрати и претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, кој престојува во посета на Словенија.
Задутре Протоколот ќе се најде на пленарна седница и на албанскиот Парламент и се очекува тој да биде изгласан едногласно. И на оваа седница би требало да присуствува спикерот Талат Џафери.
0 Коментари