Словенечката 10-часовна претстава „Сѐ уште без наслов“ денеска на МОТ
Foto

Словенечката 10-часовна претстава „Сѐ уште без наслов“ денеска на МОТ

По синоќешното отворање на 44. Млад отворен театар, на фестивалската програма денеска е необичен проект за театарската публика – претстава што трае десет и пол часа.

Екипа од 13 актери на Словенско младинско гледалишче, меѓу кои е и режисерот на проектот Томи Јанежич, од 11 претпладнево до околу 21.30 часот вечер на сцената во младинскиот културен центар ќе ја изведат претставата „сѐ уште без наслов“.

Оваа е единствената претстава на вториот ден од МОТ. Фестивалот утре продолжува со две домашни продукции: од 20 часот во „Театар комедија“ турски театар-скопје ќе настапи со претставата „Три сестри“ од Чехов во режија на Васил Христов која премиерно беше изведена во јуни.

 

0 Коментари

Остави коментари