Скопско лето завршува за три дена
Foto

Скопско лето завршува за три дена

Уште два дена преостануваат до затворањето на Јубилејното 40-то „Скопско лето“ кое оваа година им овозможи на љубителите на културата и уметноста голем број на концертни случувања, ликовни изложби претстави, мултимедијални проекти, богата филмска програма како и традиционалното кафе-кино, и програма за најмладите.

Стартот на овогодинешното Скопско лето беше на почетокот на летото, на Светскиот ден на мизиката, 21 јуни со гала оперски концерт на Националната опера и балет по диригентство на Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ на плоштадот „Мајка Тереза“, а во рамки на програмата беа опфатени голем број на домашни и странски уметници, кои на повеќе локации низ главниот град, овозможија уметничко патување низ различни култури.

Вечерва на програмата на Скопско Лето е концертот „Разновидна екстраваганција во музичката кошница“ на Божена Корчинска и Богдан Кожушко во инструментален состав – украинска надолжна флејта и хармоника, кои ќе се одржи во Музејот на македонската борба, и овој концерт е во соработка со Унгарската амбасада, кои оваа година ја збогатија програмата на Скопско лето со голем број уметници од Унгарија.

Утре вечер пак, во Сули Ан, следува концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски Ѓумар“, со уметниците Олег Кондратенко на виолина, неговата колешка на виолина Софија Никоска и саксофонистот Иван Трајановски, додека Фестивалското затварање е на 31 јули , на плоштадот Карпошово востание, со вокално инструментален концерт "70 ЛЕТА" на Ансамбл на народни песни и игри на Македонија - ТАНЕЦ.

0 Коментари

Остави коментари