Скопје ќе продолжи да бара решение за ветото, но ќе мора да се чека политичка влада во Софија
Foto

Скопје ќе продолжи да бара решение за ветото, но ќе мора да се чека политичка влада во Софија

Реафирмирана е силната американска поддршка, како и поддршката од повеќе европски центри за почеток на пристапните преговори на С Македонија со ЕУ по продолжената бугарска блокада на Самитот на ЕУ. Скопје продолжува да бара решение за ветото, но ќе мора да се чека политичка влада во Софија, а евентуалната одлука за старт на преговорите ја очекува во декември.

Американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз вчера повтори дека Вашингтон е разочаран од фактот што Република Северна Македонија не ги започна пристапните преговори за членство во Европската унија, оти постојано ја испраќаат пораката дека земјата е подготвена и ги има исполнето сите услови потребни за влез во ЕУ, и најави дека и во иднина ќе продолжи нивниот дипломатски ангажман. 

Процесот на проширување на ЕУ и случувањата поврзани со последните Самити на ЕУ беше централна тема на годишниот состанок на министрите за надворешни работи од земјите од Вишеградската група (В4) и земјите од Западен Балкан (ЗБ6) во Познан, во рамките на полското претседавање, на кој учествуваше и шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Министрите, се наведува во соопштението од нашето МНР, без исклучок испратија силна порака да се продолжи со напорите за донесување на неопходните одлуки во рамките на словенечкото претседателство до крајот на годината, ја нагласија важноста од продолжување на процесот на проширување како стратешка цел на ЕУ и ја истакнаа важноста на преговарачкиот процес за внатрешните реформи на земјите, како и за севкупна позитивна трансформација на регионот.

0 Коментари

Остави коментари