СКМ: Се одлеваат пари во соседните држави поради прогресивното оданочување
Foto

СКМ: Се одлеваат пари во соседните држави поради прогресивното оданочување

Државата да си преброи колку Македонци отвориле нерезидентни сметки во соседна Бугарија, Косово, Србија, за да плаќаат помалку данок на личен доход - побараа бизнисмените од Стопанската Комора. Данокот во соседството е 10 проценти, а со прогресивното оданочување во земјава кое се воведе од почетокот на годинава за платите поголемиод 90.000 денари, се плаќаат 18 проценти данок.

51 процент од анкетираните 200 компании од Комората одговориле дека прогресивното оданочување не влијаело на нивната работа. Дел дека не исплатуваат високи плати туку просекот е околу 20.000 денари, а кај друг дел немало влијание, оти договорите за работа им се со бруто-плата, па зголемениот данок преку „брутото“ си го платиле самите вработени. А во земјава 60 до 70 проценти од компаните имаат вакви договори. Останатите пак 49 проценти од компаниите се изјасниле дека зголемениот данок удрил врз нивното работење. Некои морале да отпуштаат работници.

„23 насто од вкупниот број анкетирани фирми се произнеле позитивно и тоа деловните одлуки им се во насока на одложување на одредени планирани активности, инвестирање, реновирање на објекти итн. Дел од нив кажале дека биле принудени да ги намалат трошоците преку намалување на вработени. А дибар дел од компаниите од ИТ секторот кажаа дека ваквата промена во даночната политика предизвикала зголемување на цените на услугите – изјави Анета Димовска СКМ.

Според податоците на Комората ефектите од зголемениот данок врз буџетот не се такви какви што планираше владата. Така за 7 месеци од данок на доход се собрани 10,3 милијарди денари или 16 проценти повеќе од истиот период лани. Најголемо зголемување од речиси 63 проценти има кај даноците собрани од закуп, а од плата има раст 9,4 проценти или во пари 1,4 милијарди денари повеќе од истиот период лани.

„Врз основа на јавно достапните податоци не може да се утврди колкав дел од овој раст се должи на воведувањето на прогресивната стапка од 18 отсто, а колку на растот на платите, бидејќи во првите седум месеци нето платите пораснаа за 3,6, а бруто платите за 4,8 насто. Исто така се зголеми и стапката на вработеност “– изјави Димовска.

Бизнисот, уште при воведувањето, бурно реагираше на даночните промени алармирајќи дека тоа ќе ја зголеми даночната евазија, а кај инвеститорите ќе се изгуби имиџот на земјава со ниски даноци.

Институциитесе уште не излегоа со прецизни бројки. Министерката за финансии Нина Ангеловска вели уште се анализираат податоците.

0 Коментари

Остави коментари