Скандал во МНР: Уапсениот дипломат ја стресе дипломатската мрежа
Foto

Скандал во МНР: Уапсениот дипломат ја стресе дипломатската мрежа

Наместо на работа на мисијата на ОБСЕ во Виена, македонски дипломат заврши во затвор во Врање. Скандал го тресе миинистерството за надворешни работи, а Бујар Османи најавува ветинг. 

Дипломат кој е дел од нашата мисија во ОБСЕ во Виена, е уапсен по меѓународна потереница минатиот петок на граничниот премин Прешево при обид за влез во Македонија. Бујар Османи денеска потврди дека станува збор за потерница на Интерпол, стара 3 годнини, но Османи се амнестира од секаква одговорност и вели дека не знаел за случајот.  

- Презедов на серија на мерки и одлуки, во смисла на одлука за отповикување, односно пповлекување од мандатот и прекинување на мандатот во Виена. Мирување на работното време, бидејки законот не дозволува поинаква одлука, овен мирување, се до расчистување на случајот. Меѓутоа и решив да се направи вонреден ветинг на сите дипломати, за надворешни работи, користејки ги механизмите на НАТО сертификати, националните сертификати, меѓутоа и други инструменти за целосен ветинг на дипломатите со цел да не ни се случат вакви работи. 

- Знаевте ли за потерницата на Интерпол ?

- Не. 

 Османи не сакаше да даде подетални  информации за случајот и изјави дека не сака да коментира во интерес на истрагата за случајот. 

Според весникот Коха станува збор за Миле Миленковски кој е заменик-шеф на македонската мисија во седиштето на ОБСЕ во Виена. Наводно дипломатот Миленкоски пред 3 години бил дел од операција за бегство на контроверзен ерменски бизнисмен од неговата татковина, кој во Ерменија бил обвинет за злоупотреба на државни фондови и за перење пари.

Според Коха, македонскиот дипломат Миленковски го помогнал бегството на ерменскиот бизнисмен со брзо формирана хуманитарна организација за лица со посебни потреби и со приватен авион. Во оваа активност на дипломатот Миленковски учествувале уште двајца македонски дипломати, пишува весникот. 

Отворени се повеќе прашања, со оглед на тоа дека станува збор за случај стар три години. Зошто македонските власти досега не преземаа мерки, зошто безбедносните служби не преземаа ништо во однос на сертификатите за служба во странство и како  е потпишано решението за испраќање на Миленковски  за дипломат во ОБСЕ Виена? Одговорите засега висат затоа што надлежните си ја префрливаат одговорноста, Го контактиравме и министерството за внатрешни работи, но оттаму само не упатија до МНР. 

Македонија во 2023 година треба да претседава со ОБСЕ и речиси со сигурност овој скандал ќе влијае врз угледот на земјата.

0 Коментари

Остави коментари