СИВАТА ЕКОНОМИЈА „ЈАДЕ“ 50% ОД ФИНАНСИКИОТ КОЛАЧ НА БИЗНИСОТ
Foto

СИВАТА ЕКОНОМИЈА „ЈАДЕ“ 50% ОД ФИНАНСИКИОТ КОЛАЧ НА БИЗНИСОТ

Сивата економија годишно јаде над 1 милијарда евра од буџетот и изнесува 30 до 33 проценти од севкупната економија, покажува статистиката на Управата за јавни приходи. Бизнисот алармира дека нелојалната конкуренција им краде над половина од колачот на компаниите кои работат легално, со што во старт тие што работат на црно се за 50 проценти поконкурентни од нив. Велат загрижувачки е тоа што големи бизниси кои вртат милионски профити, избегнуваат да плаќаат данок. Бараат механизми како институциите здружено да настапат во борбата со сивата економија.

- „Процентуално имаме едни од најголемите бројки во регионот, значи надминува над 50 проценти од она што е колач во приватниот сектор, а кое што сивата економија практично го краде од сите оние кои регистрирано работат. Се зголемува, се поголем е бројот на оние кои што работат во сивата зона односно нерегистрирано. Тука пред се зборуваме за квази големи бизниниси кои што имаат навистина милионски профити, но кои што ниту еден денар не дотираат во буџетот, а со тоа го оштетуваат не само буџетот туку и секој граѓанин во нашата држава. - изјави Данела Арсовска, претседател на ССК

УЈП веќе ги таргетирала затајувачите на данок, но со детали колку данок не платиле и колку се на број ќе излезе откако ќе ги собере бројките. Велат најчесто станува збор за компании од ИТ секторот.

- „По повеќе основи значи имаме утврдено кои даночни обврзници дали се правни или физички лица сакаат да го изиграат законот, имаме таргетирано насоки за понатамошно постапување, секако и со помош на сродните институции. Според нашите статистички податоци од 30 до 33 проценти. Па, се надевам дека стагнира. Штета би било на сите оние преземени мерки и реформи кои сакаме да ги спроведеме да видиме дека расте сивата економија. Наша стратешка цел и обврска е да ја намалиме“- изјави Сања Лукаревска, директор на УЈП.

Владата вели - работи на сузбивање на сивата економија, но побара помош од бизнисот, да ги пријави фирмите кои работат на црно.

- „Проверивме одредени фирми, како што кажаа од коморите тие работат во сива, но проверивме и во Централниот регистар дека нема појава на дерегистрација на фирмите. Значи ако има такви работат на црно, но не се дерегистрираат“- изјави Зоран Шапуриќ, министер без ресор, задолжен за подобрување на инвестициската клима.

Владата се надева и дека воведувањето на повратот на ДДВ за граѓаните ќе допринесе за сузбивање на сивата економија, бидејќи граѓаните ќе имаат улога на инспектор и ќе можат да го пријават трговецот кој не им издал фискална сметка.

0 Коментари

Остави коментари