Сите почнати постапки за избор на раководен орган на универзитетите се ставаат во мирување
Foto

Сите почнати постапки за избор на раководен орган на универзитетите се ставаат во мирување

Сите почнати постапки за избор на раководен орган пред стапувањето во сила на оваа уредба, се ставаат во мирување, соопштија од владата откако на последната седница беше допрецизиран членот 5 од уредбата за законот за високо образование.

„Органите на универзитетите на кои мандатот им истекува за време на вонредната состојба, постапките за избор ќе ги започнат, односно продолжат во рок од 30 дена од завршување на вонредната состојба. Со ова дополнување се регулира дека сите почнати постапки за избор на раководен орган пред стапување во сила на оваа уредба ќе се стават во мирување“, велат од Владата.

Исто така донесена е и одлука за бројот на студенти кои треба да се запишат во прва година на јавните високообразовни установи, како и одлука за дополнителни квоти за запишување студенти припадници на заедниците кои не се мнозинство.

0 Коментари

Остави коментари