Сириза Аманатидис: Охридската архиепископија има право да биде автокефална црква

Пратеникот на прогресивната алијанса на сириза и поранешен заменик министер за надворешни работи, Јанис Аманатидис, во интервју за грчките медиуми вели дека признавањето на Охридската артхиепископија од страна на Вселенската патријаршија ќе придонесе за подобрување на односите меѓу двете православни држави, бидејќи Македонија има право на своја автокефална црква.

- Во црковните работи, уште од времето на зенитот на византија, постои принципот на Фотиј велики, кој вели: „црковните граници нека се менуваат заедно со политичките“. Односно, административните прашања на црквата се менуваат согласно со промените на државните структури. Кога ќе се појави една нова држава, таа има право да побара црквата во нејзините граници да биде автокефална. Тоа се случи со сите понови православни цркви, каде што вселенската патријаршија ја отстапи својата канонска територија, за тие да бидат создадени и истите ги прогласи за автокефални.